360 Степени 11.09.2015

431
Published on 12/09/2015 by mkstanici

На емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М се т.н. „свиркачи“ или според усвоениот термин во Македонија – „укажувачи“ – луѓе кои решиле да проговорат за криминал, корупција или друго незаконско постапување во средината во која работат или живеат.
Темата станува актуелна по обелоденувањето на аферата со прислушувањето и особено по обвинението и судскиот процес за луѓето кои решија на виделина да изнесат сомневања за незаконско постапување на првенци од власта. Една од конкретните препораки од Европската комисија по извештајот на Рајнхард Прибе е Македонија да воспостави опсежен механизам за заштита на „свиркачите“ или „укажувачите“. Дилемата, меѓу другите е дали ако веќе постоеше таков механизам, како што постои во многу демократски земји, воопшто ќе постоеше судски случај „Пуч“ или, спротивно, тие луѓе ќе беа заштитени од државата како „укажувачи“.
Гости се Слаѓа Тасева од Транспаренси интернешнл Македонија, која раководи проект токму за „укажувачи“ и Иџет Мемети, народен правобранител на РМ. Омбудсманот ќе го прашаме и за другите препораки од Европската комисија и за тоа до каде е неговата истрага за случајот со прислушувањето. Во емисијата ќе го слушнете српското искуство на оваа тема, преку омбудсманот на Србија, Саша Јанковиќ. За крај, Среќко Поповски има нова „Саботажа“.

Comments

comments

Category Tag

Add your comment

Your email address will not be published.